Парохиски Свештеник

ПРОТА-СТАВРОФОР БЛАЖО КОЖАРСКИ

Роден на 14.03.1960 година во Штип. Основно образование завршува во с. Русиново – Беровско.

Во 1975 година се запишува во Македонската Православна Богословија „Св.Климент Охридски“ во Скопје, која со успех ја завршува во 1979 година.

Во ѓаконски чин е ракоположен на 16.06.1981 година во храмот „Св.Ѓорги“ во Кочани, а во свештенички чин на 21.06.1981 година во храмот „Св.Никола“ во Штип. Се до 06.03.1985 година е парохиски свештеник на втората парохија во истиот храм.

Од 07.03.1985 година со одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква е поставен за редовен парохиски свештеник во Македонската Православна Црковна Општина „Св.Наум Охридски“ – Малме. Ги има опслужувано и Македонската Православна Црковна Општина „Св.Кирил и Методиј“ –Гетеборг и Македонската Православна Црковна Општина „Св.Климент Охридски“ – Копенхаген – Данска која и сега ја опслужува.

Во чин протојереј е произведен на денот на осветувањето на црквата „Св.Наум Охридски“ во Малме 03.05.1987 година.

На 31.10.1998 година од страна на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква е одликуван со право на носење на граден крст – произведен во протојерј-ставрофор.

Покрај парохиската должност во Македонската Православна Црковна Општина „Св.Наум Охридски“ – Малме беше и архиерејски намесни за Скандинавија.

Од формирањето на Македонската Православна Епархија за Европа 1994 година па се до 1999 година беше архиерејски заменик.

Активно учествува во работата на телата и органите на Македонската Православна Епархија за Европа. Член е на Ариепископскиот Црковно Народен Собор на Македонската Православна Црква.

Во повеќе Шведски црковни институции е присутен и активен како преставник од Македонската Православна Црква:

-Постојан член во Правослевениот Екуменски Црковен Совет.

-Редовен претставник од МПЦО во Шведска во Државниот орган за доделување дотации на верски организации.

-Претставник во Шведско Христијанскиот Совет.

-Претставник на православните цркви од Малме во Христијанскиот Совет за Малме.