Патронен празник на ЦО - Св.Наум Охридски
Publiceringsdatum: Jan 20, 2013 6:18:44 PM
По повод патрониот празник на ЦО во храмот во Малме, беше одржана Света Богослужба со Света Причест во чест на Св.Наум Охридски, чијшто светител е носител на името на храмот.
Светата Богослужба беше одржана од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски Г-дин.Пимен, Отец Блажо Кожарски и Отец Михајло.
Светата Богослужба беше проткаена со смирение и молитвени мисли како и сиже за животот и делото на Св.Наум Охридски – Чудотворец, којшто долго по неговото земно упокојување не престана да им помага на оние што бараат лек и утеха во него.
По Светата Богослужба беше извршен водосвет, благословување и сечење на празничниот леб во чест на празникот. Воедно на оваа литургија беа избрани и кумовите за наредната година. На Литургијата присуствуваше многуброен народ, кој зеде активно учество преку заедничарењето во Светата Чаша.
Од УО на МПЦО
"Св.Наум Охридски"