Изнајмување на салата

Салата се изнајмува према следниот ценовник:

Заклучно со одлука на управниот одбор (УО), салата не се издава за комерцијални намени и може да се изнајми исклучително за приватни потреби.

При закажување на салата се плаќа депозит (капар) од 2.000:-. Ве напоменуваме дека платен депозит не е повратен доколку салата се откаже после резервација, односно после плаќањето на депозитот.

Исто така ве потсетуваме договорот за изнајмување на салата да го прочитате внимателно и да ги запазите сите ваши должности при склучување на договорот и користење на салата, што влегува во цената и за што треба самите да се погрижите при користење на салата. 

Доколку не се почитуваат одредбите во договорот или на друг начин се нанесе материјална или економска штета на црковната општина (ЦО) при користењето на салата, ЦО си зема за право заклучно со договорот да побара додатен економски надоместок во висина на претрпената штета.

После користењето на салата, истата треба да ја оставите така како што ја добивте, што подразбира и соодветно чистење. Доколку сакате салата да ја вратите нечистена, можете да платите за таа услуга. Цената за чистење е 2.000:-.

За закажување на салата (со или без услуга за чистење), ве молиме да се јавите благовремено кај вработениот Никола Змиовски на телефон 040-192802.

УО на МПЦО Св. Наум Охридски - Малме