ЧЕТИРИЕСЕТ ГОДИНИ МПЦО (18.01.2013)

Publiceringsdatum: Jan 20, 2013 6:8:45 PM

ЧЕТИРИЕСЕТ ГОДИНИ МПЦО

„СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“ –МАЛМЕ – ШВЕДСКА

 

Уште во 1972/73 година, православните македонци во Шведска, дојдени на привремена работа, читајки и слушајки дека Македонците во Австралија, Америка и Канада, како постари иселеници, одамна се прибрани во топлите мајчински пазуви на Свети Климентовата Македонска Православна Црква, дека имаат свои храмови и културно просветни домови со богат културно просветен, спортски и забавен живот. Се наметнува потребата на формирање на свој православен црковен живот.

Така на 14.01.1973 година се раѓа првата МПЦО посветена на Св.Наум Охридски во Малме Шведска, а по некое време и МПЦО „Св.Кирил и Методиј“ –Гетеборг, „Св.Климент Охридски“ – Копенхаген и така со ред да денска во Европа ги имаме повеќе од триесетина МПЦ обединети во МПЕ за Европа, преку надлежниот епархиски архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и под духовна јуриздикција на МПЦ.

Од 1973 година до денеска поминаа четириесет години на црковен живот. Самите можеме да извадиме заклучок колку сме направиле и што сме пропуштиле во оваа наше делување како МПЦО на овие простори.

За да се постигнат големи и трајни спомени и дела, секогаш потребна е доследност, силна вера во Бога, достојно почитување на светиите и светителите под чии патрон и молитви се создаваат нештата, како и длабока и искрена братска љубов која сите луѓе ги сплотува во еден здрав и светол организам што дише со духот на нашите правоучители Светите браќа Кирил и Методиј, и нивните достојни последователи  Свети Климент и Свети Наум –Охридските Чудотворци.

Секогаш кога сме имале таква духовна сплотеност, од која извира евангелско однесување и работење се доаѓало до поголеми успеси. Тоа се случило 1973 година, кога е формирана ЦО, се случило во 1985 година кога е купена страта црква, тоа се случувало во 1999 година кога е купено местота за градење но овој нов храм и простории и тоа се случило и пред десет години во 2003 година кога се постави камен темелникот за градење на нашиот храм кој пресатавува гордост на сите нас.

Таа љубов христијанска, таа вера во Бога покажа и зрелост и плодови на зрелоста во онаа што се сака како лично и општо добро, пред се за членовите, верниците на Црковната општина, а и за достоинството и афирмацијата на нашата Светиклиментова Македонска Православна Црква.

И во овие моменти за да можеме да ги завршиме работите околу црквата повикуваме на таква сплотеност и единство помеѓу сите нас.

Користам можност да во името на сите вас да им се заблагодариме на сите кои се вградиле, помагнале да еве ние денеска ги одбележуваме овие јубилеи.

Благодарејки му на Бога и нашиот патрон Свети Наум Охридски за големите јубилеи и дела кои ги вршиме со вакво молитвено шепотење би завршил; Свети и Ти, Светилнику наш, та осветлувај ги сите твои верни чеда кои искрено сакаат да се потпрат на твоите мајчински македонски гради, та  со Твоето мајчинско гушкање никогаш повеќе да не се отргнат и отидат далеку от Тебе, по колоритните стеги на овој свет и да заскитаат по ќорсокаците од каде што нема враќање. Туку пак стиснати и прибрани еден до друг како вистински браќа и сестри во Господа, настојуваат да можат и да останат за секогаш како „едно тело и една душа“.

 

14.01.2013 година  Прота –Ставрофор Блажо Кожарски

 М А Л М Е