РАСПОРЕД НА СВЕТИТЕ БОГОСЛУЖБИ ВО МПЦО „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ“ - МАЛМЕ, СЕПТЕМВРИ – ДЕКЕМВРИ 2013 ГОДИНА

Publiceringsdatum: Sep 22, 2013 3:34:35 PM

Работно време на Македонската православна црква „Св.Наум Охридски“– Малме.

                           Понеделник - Петок   од 10:00 – 14:00 часот.

                                  Сабота        од 10:00 -  14:00 часот.

                 Недела од 09:30-14:00 часот. Богослужба почнува во 10:00 часот.

 

М А Л М Е

А В Г У С Т

             С Е П Т Е М В Р И

                   О К Т О М В Р И

Вечерта во 18:00 часот, во Folketspark во Трелеборг ПРОСЛАВА ПО ПОВОД ОСВЕТУВАЊЕТО НА ХРАМОТ И 40 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА МПЦО ВО МАЛМЕ- Ке не забавува познатиот пеач на народни македонски песни  Јордан Митев од Република Македонија.

                       Н О Е М В Р И

Православни гробишта Малме. Од 08:00 – 08:30 часот,нови гробишта, 08:30 – 09:00 часот; стари гробишта.

                                                                       

                                                                         Д Е К Е М В Р И

                                                                                      

                                                                                            Г И С Л А В Е Д

  Богослужбата ќе се отслужи во „Gislaved kyrka“ во Гиславед. 

                                          

                                                                                 В Е К Ш Е

   Богослужбата ќе се отслужи во „Maria kyrka“ – Нидала во Векше.

Е С Л Е В

Т Р Е Л Е Б О Р Г

 

До колку дојде до промена на овој распоред ќе бидете благовремено известени.

Еве не повторно со Божја сила и помош, а под закрила на нашиот патрон Свети „Наум Охридски -Чудотворец“.

  Се молиме на Бога и Свети Наум  и во иднина да бидеме под нивна закрила.

  И во овој период главна задача на Црковниот Управен Одбор на МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме, и на  сите е продолжување на внатрешното и надворешно средување на Македонската православна црква во Малме, која веќе преставува гордост на сите православни Македонци од Јужна Шведска и пошироко.

Во моментот (благодарение на донаторите) се привршува внатрешното фреско живопишубвање на олтарот. Се подготвува и транспортот на иконостасот, иконите, лустерите и другите потребни работи за осветувањето на нашиот храм кое е предвидено да биде во Сабота 19.10.2013 година.

Им благодариме на донаторите. На сите оние кои учествуваа во акција и помагаат да што подобро ја подготвиме црквата за денот на осветувањето и покажаа кога учествуваме сите заедно можеме да постигнеме и резултати. Има уште работи кои треба да се  завршат. Затоа и тие кои не беа вп можност да учествуваат се секогаш добродојдени да помогнат во понатамошните активности.  Да ја продолжиме и подржиме акција за да можеме полесно да ги завршиме преостанатите работи.

Драги браќа и сестри!

Со вашите доброволни прилози и вашите посети на Светите Богослужби на нашиот Свет храм ја помагате доизградбата на црквата во Малме.

Вашите доброволни прилози за доградување  на Македонска православна црква во Малме (на кои посебно благодариме) можете да ги испраќате на банкова жиро сметка 929-5999

На сите досегашни дарители од срце им благодариме.

За вашите духовни потреби купувајте осветени свеќи од црквата.

За да можеме полесно да соработуваме со сите вас верниците на Македонската православна црковна општина „Св.Наум Охридски“ – Малме, ве молиме секој при евентуална промена  на адреса да ја пријави истата во црквата.И овој пат сакаме да потсетиме  на единство. Да не се делиме и парчосуваме, бидејки другите доволно не парчосале и поделиле. Да бидеме едно како Црква, како народ македонски и како држава.

Со ваши прашања за  подетални информации можете да се обратите во црквата  или кај свештеникот.

ЗА ВАШИТЕ ДУХОВНИ ПОТРЕБИ ПОСЕТУВАЈТЕ ЈА  МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

    „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ“ - МАЛМЕ

   АДРЕСА: DANSKA VÄGEN 30   ТЕЛЕФОН:040-19 28 02

                     212 29 М А Л М Е                       

                 EMAILL: mpco@mpc-malmo.org

                 ИНТЕРНЕТ СТРАНА: www. mpc-malmo.org

 

 

Од УО на МПЦО

 „Св.Наум Охридски“ - Малме