МПЦО „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ“- Малме, Шведска (21.10.2012)

Publiceringsdatum: Nov 04, 2012 12:51:15 PM

МПЦО „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ“-МАЛМЕ-ШВЕДСКА

ДЕВЕТ ГОДИНИ ОД ПОСТАВУВАЊЕТО НА КАМЕНТЕМЕЛНИК ЗА ГРАДЕЊЕ НА ЦРКВА ВО МАЛМЕ

На 21.10.2012 година, дваесета недела по Светата Педесетница, кога Светата Православна  Црква ги прославува преподобните Пелагија и Таиса, во Соборниот храм посветен на „Св.Наум Охридски“-во Малме, на радост на сите присутни, после внатрешното малтерисување на храмот и поставувањето на гранитните подни плочи, со благослов на Митрополитот Европски г.Пимен,  парохискиот свештеник прота –ставрофор Блажо Кожарски отслужи Света Литургија.

Голем број од присутните верници со глолема вера, љобов и страв Божји пристапија кон Светиот путир.

На крајот од Светата Литургија на присутните им се обрати отец Блажо.Пред се заблагодара на Бога што после дого време на средување на внатрешноста на нашиот храм денес се отслужи Света Литургија. Од името на Црковниот Управен Одбор се заблагодари на сите кои помогна за да се заврши оваа дело, пред се спонзорите. За да можеме и преостанатите работи кои треба да се завршат до осветувањето на храмот, како и досега да се извршуваат со молитва и благослов Божји и патронот на Свети Наум, повика на љубов христијанска, единство, слога и почит еден према друг.

Потоа во црконите простории за сите присутни се приреди заедничка трепеза во чест на девет годишнината од поставувањето на камен темелник (18.10.2003 година) за градење на црква во Малме.

На ручекот на присутните им се обрати претседателот на Црковниот Управен Одбор г.Трајан Бошевски.

Со тоа се одржа и одбележе деветгодишната традиција, на собирањето по пово годинината од поставувањето на камен темелникот за градење на Македонска Православна Црква во Малме.