Важна информација - Велигденски празници 2021

Publiceringsdatum: Apr 28, 2021 7:14:22 PM

Македонската Православна Црква, почитувајќи ги одлуките и препораките на надлежните институции во Шведска за спречување на заразата од ковид-19, ги известува своите верници, членови и посетители следното за престојните Велигденски празници:

Според мерките и препораките, во црквата и црковниот двор истовремено можат да бидат присутни 8 посетители. За да можат сите да поминат и ги задоволат своите духовни потреби, Ве молиме да се придржувате на редот и упатсвата од страна на одговорните, во времетo во кое Вие ќе ја посетите црквата.

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК 29.04.2021 година - Света причест од 10:15 до 10:40 часот. Црквата ќе биде отворена до 14:00 часот. Вечерта во 17:00 часот читање на 12 Страдални Евангелија.

ВЕЛИКИ ПЕТОК 30.04.2021 година - Богослужба во 10:00 часот. Црквата ќе биде отворена до 14:00 часот. Вечерта од 18:00 - 20:00 часот, поклонување и поминување под Плаштаница (Гробот Господов).

ВЕЛИКА САБОТА 01.05.2021 година - Света причест од 10:15 до 10:40 часот. Црквата ќе биде отворена до 15:00 часот. Вечерта црквата ќе биде отворена од 19:00 – 22:00 часот. После полноќ отвараме во 01:15 за Света причест до 01:40 часот.

ВЕЛИГДЕН (НЕДЕЛА) 02.05.2021 година - Отворено од 09:00 -15:00 часот.

ВЕЛИГДЕН ВТОР ДЕН (ПОНЕДЕЛНИК) 03.05.2021 година - Отворено од 10:00 – 14:00 часот.

ВЕЛИГДЕН ТРЕТ ДЕН (ВТОРНИК) 04.05.2021 година - Отворено од 10:00 – 14:00 часот.

 

ПЛАНИРАНОТО РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА МПЦО „Св. Наум Охридски“ – Малме, за Недела 09.05.2021 година се ОДЛОЖУВА НА НЕОДРЕДЕНО ВРЕМЕ, КОГА ЌЕ СЕ СТВОРАТ УСЛОВИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ИСТОТО. Се надеваме дека ќе имате разбирање за сето оваа и истовремено ќе се придржуваме на препораките и мерките предвидени од надлежни органи.

Со почит и поздрав со најрадосниот поздрав

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Од ЦУО на МПЦО „Св. Наум Охридски“ - Малме