Важна информација - Велигден

Publiceringsdatum: Apr 14, 2020 7:35:42 PM

Македонската Православна Црква, почитувајќи ги одлуките и препораките на надлежните институции во Шведска за спречување на заразата од ковид-19, ги известува своите верници, членови и посетители следното за престојните Велигденски празници:

·  Апелираме до сите да останат дома за време на Велигденските празници и да не доаѓаат во црква доколку:

o   имате возраст над 70 години или сте припадник на група од висок здравствен ризик,

o   сте заразени или имате симптоми на ковид-19.

Помогнете и на црквата во овие тешки времиња и доставете ги вашите доброволни прилози преку swish 123 238 68 11 или на жиро сметка 929-5999. Свеќи ќе бидат запалени за сите кои неможат физички да присуствуваат.

Богослужби ќе се одржуваат за време на Велигденските празници, но со следниве рестрикции:

o Бројот на посетители во црквата се ограничува на максимално 30 во исто време (нерачунајќи персонал и други кои помагаат за време на Богослужбите).

o Помошните црковни простории ќе бидат затворени од Велики Четврток 16 Април до Тред ден Велигден 21 Април.

Тие што ќе се осмелат и дојдат за време на Велигденските празници – ве молиме имајте го следново во предвид:

o Одржувајте растојание према други посетители и персонал од 1,5 - 2 метри. Ве молиме да го респектирате ова!

o   Користете го целиот простор во црквата до иконостасот и не го блокирајте патот на други посетители при влезот во црквата. Столови се поставени во црквата за да им помогнат на посетителите да го заземат своето место. Кога ќе влезеш во црква, погледни каде има слободен стол и застани пред него (или седнете на столот).

o  Доколку има 30 посетители во црквата, ве молиме да чекате на вашиот ред и да ги следите упатствата од персоналот. 

·       Специфична информација за Велика Сабота 18 Април:

o   За тие што сакаат да запалат свеќа и да го остават својот дар, ќе има можност да ја посетите црквата помеѓу 10-14 часот и од 18 часот. Дојдете на време и користете го времето помеѓу 18-24 часот за да избегнете гужва и чекање пред црковната порта.

o Продажба на свеќи ќе се врши надвор. Свеќите ќе се палат надвор каде исто така ќе биде поставена и иконата.

o   Црквата ќе биде затворена до полноќ. 

o   Не задржувајте се повеќе од потребно во црковниот двор за да им овозможиме на сите да запалат свеќа имајќи во предвид рестрикциите од максимално 30 посетители.

o   Дајте им предност за присуство на Светата Литургија што почнува после полноќ на тие што ќе се причестуваат.

o   Доколку некој што сака да се причести биде одбиен влез поради тоа што границата од 30 посетители е надмината, свештеникот ќе остане еден час после завршувањето на Светата Литургија за да им овозможи на сите да се причестат. Дојдете во тој случај околу 02 часот.

Специфична информација за Прв ден Велгден Недела 19 Април:

o   Богослужбата ќе започне околу 10.30 часот и ќе трае до околу 11.30 часот, но црквата ќе биде отворена од 08 до 15 часот.

o Доколку сакате само да запалите свеќа без да присуствувате на Богослужбата, имајќи ги во предвид горенаведените рестрикции, најсигурно е да дојдете помеѓу 08-10 часот и помеѓу 12-15 часот.

 

Малме, 14 Април 2020 година

Управен Одбор