Изнајмување на салата

Салата се изнајмува према следниот ценовник:

  Членови со платен парохијал претходната годинаНе членови 
 Парастас или погреб 1.000:-2.000:-
 Други намени 2.500:- 5.000:- 


Заклучно со одлука на управниот дбор (УО), салата не се издава за комерцијални намени и може да се изнајми исклучително за приватни потреби.

При закажување на салата се доставува депозит (капар) од 2.000:-. Ве напоменуваме дека платен депозит не е повратен доколку салата се одкаже после резервација, односно после плаќањето на депозитот.

Исто така Ве подсетуваме договорот за изнајмување на салата да го прочитате внимателно и да ги запазите сите Ваши должности при склучување на договорот и користење на салата, што влегува во цената и за што треба самите да се погрижите при користење на салата. 

Доколку не се почитуват одредбите во договорот или на друг начин се нанесе материјална или економска штета на црковната општина (ЦО) при користењето на салата, ЦО си зема за право заклучно со договорот да побара додатен економски надоместок во висина на претрпената штета.

После користењето на салата, истата треба да ја оставите така како што ја добивте, што подразбира и соодветно чистење.

За закажување на салата (со или без услуга за чистење), Ве молиме да се јавите благовремено кај запослениот Ѓорѓи "Џоле" Исаковски на телефон 040-192802.

УО на МПЦО Св. Наум Охридски - Малме
Comments