ПРОТА-СТАВРОФОР БЛАЖО КОЖАРСКИ Роден на 14.03.1960 година во Штип. Основно образование завршува во с. Русиново – Беровско. Во 1975 година се запишува во Македонската Православна Богословија „Св.Климент Охридски“ во Скопје, која со успех ја завршува во 1979 година. Во ѓаконски чин е ракоположен на 16.06.1981 година во храмот „Св.Ѓорги“ во Кочани, а во свештенички чин на 21.06.1981 година во храмот „Св.Никола“ во Штип. Се до 06.03.1985 година е парохиски свештеник на втората парохија во истиот храм. Од 07.03.1985 година со одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква е поставен за редовен парохиски свештеник во Македонската Православна Црковна Општина „Св.Наум Охридски“ – Малме. Ги има опслужувано и Македонската Православна Црковна Општина „Св.Кирил и Методиј“ –Гетеборг и Македонската Православна Црковна Општина „Св.Климент Охридски“ – Копенхаген – Данска која и сега ја опслужува. Во чин протојереј е произведен на денот на осветувањето на црквата „Св.Наум Охридски“ во Малме 03.05.1987 година. На 31.10.1998 година од страна на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква е одликуван со право на носење на граден крст – произведен во протојерј-ставрофор. Покрај парохиската должност во Македонската Православна Црковна Општина „Св.Наум Охридски“ – Малме беше и архиерејски намесни за Скандинавија. Од формирањето на Македонската Православна Епархија за Европа 1994 година па се до 1999 година беше архиерејски заменик. Активно учествува во работата на телата и органите на Македонската Православна Епархија за Европа. Член е на Ариепископскиот Црковно Народен Собор на Македонската Православна Црква. Во повеќе Шведски црковни институции е присутен и активен како преставник од Македонската Православна Црква: -Постојан член во Правослевениот Екуменски Црковен Совет. -Редовен претставник од МПЦО во Шведска во Државниот орган за доделување дотации на верски организации. -Претставник во Шведско Христијанскиот Совет. -Претставник на православните цркви од Малме во Христијанскиот Совет за Малме.
|
Почетна - Start >