ВАЖНО СООПШТЕНИЕ

posted Apr 2, 2020, 5:14 AM by MPCO Sv. Naum Ohridski

Македонската Православна Црква, почитувајќи ги одлуките и препораките на надлежните институции во Шведска за спречување на заразата од Ковид-19, ги известува своите членови и посетители следното:

Бројот на посетители во црквата се ограничува на максимално 30 во исто време (нерачунајќи персонал и други кои помагаат во литургијата).

Ве молиме да го запазите ова и да одржувате растојание од 1,5 - 2 метри помеѓу вас. Користете го целиот простор во црквата до иконостасот и не го блокирајте патот на други посетители при влезот во црквата. Столови се поставени во црквата за да им помогнат на посетителите да го заземат своето место. Кога ќе влезеш во црква, погледни каде има слободен стол и застани пред него (или седнете на столот).

При влез во црквата ќе најдете средство за дезинфекција на рацете. Препорачуваме да се користи средството при влез во и излез од црквата.

Во помошните црковни простории бројот на посетители е ограничен на 30 во исто време (нерачунајќи персонал и други кои помагаат како на пример членови на управен одбор).

Ве молиме користете го целиот простор во помошната просторија и не седете близу еден до друг. Држете растојание од 1,5 - 2 метри помеѓу вас.

Пред тоалетите има средство за дезинфекција на рацете. Во тоалетите има течен сапун. Миете ги рацете често.

Останете дома доколку сте преладени иле се осеќате болен. Сите мораме да преземеме одговорност еден према друг.

Работното време ќе се потрудиме да го задржиме како до сега со респект и грижа према нашите членови, но со намален интензитет кај персоналот. Молиме за ваше разбирање дека здравјето на нашиот перонал е исто толку важно како запазувањето на потребите на нашите членови.

Богослужбите во црквата ќе се потрудиме да ги извршуваме како планирано, но со рестрикции околу бројот на посетители. Богослужбите планирани да се одржат во други градови (Еслев, Векше и Гиславед) се откажуваат во неодредено време.

Горенаведената информација важи во неодредено време и може да биде изменета во краток рок доколку има нови одлуки или препораки од Шведската влада или други релевантни државни институции. Можно е Богослужби да се откажат и работното време во црковна општина да се смени во краток рок зависно од здраствената положба кај персоналот и дурги релевантни околности.

Малме, 2 Април 2020 година

Управен Одбор

Comments