По повод патрониот празник на ЦО во храмот во Малме, беше одржана Света Богослужба со Света Причест во чест на Св.Наум Охридски, чијшто светител е носител на името на храмот. Светата Богослужба беше одржана од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски Г-дин.Пимен, Отец Блажо Кожарски и Отец Михајло. Светата Богослужба беше проткаена со смирение и молитвени мисли како и сиже за животот и делото на Св.Наум Охридски – Чудотворец, којшто долго по неговото земно упокојување не престана да им помага на оние што бараат лек и утеха во него. По Светата Богослужба беше извршен водосвет, благословување и сечење на празничниот леб во чест на празникот. Воедно на оваа литургија беа избрани и кумовите за наредната година. На Литургијата присуствуваше многуброен народ, кој зеде активно учество преку заедничарењето во Светата Чаша. Од УО на МПЦО "Св.Наум Охридски" |
Актуелно - Aktuellt >