РЕПОРТАЖА СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА МПЦ

posted Mar 23, 2014, 1:32 PM by Angica Dumova   [ updated Mar 23, 2014, 1:32 PM by MPCO Sv. Naum Ohridski ]

На покана  на надлежниот епархиски архиереј на Македонската Православна Епархија за Европа, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г.Пимен, од 17-28.10.2013 година во Шведска престојуваше Негово Блаженство Ариепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во придружба на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-Пелагониски  и администратор Австралиско-Новозелански г. Петра, Неговото Високопреподобие Архимандрит Нектариј од манастир Св. Наум – Охрид, Прота-Ставрофор Никола Грамбозов, секретар на Преспанско-Пелагониска Епархија и Протоѓакон Димче Миланов, секретар на Бреганичка епархија.

Целта на посетата беше осветувањето на Соборниот храм на МПЕ за Европа „Св.Наум Охридски“ – Малме и четириест годишниот јубилеј на МПЦО„Св.Наум Охидски“ –Малме и МПЦО„Св.Кирил и Методиј“ – Гетеборг.

Уште во 1972/73 година, православните македонци во Шведска, дојдени на привремена работа, читајки и слушајки дека Македонците во Австралија, Америка и Канада, како постари иселеници, одамна се прибрани во топлите мајчински пазуви на Свети Климентовата Македонска Православна Црква, дека имаат свои храмови и културно просветни домови со богат културно просветен, спортски и забавен живот. Се наметнува потребата на формирање на свој православен црковен живот.

Така на 14.01.1973 година се раѓа првата МПЦО посветена на Св.Наум Охридски во Малме Шведска, а по некое време и МПЦО „Св.Кирил и Методиј“ –Гетеборг, „Св.Климент Охридски“ – Копенхаген и така со ред да денска во Европа ги имаме повеќе од триесетина МПЦ обединети во МПЕ за Европа, преку надлежниот епархиски архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и под духовна јуриздикција на МПЦ-Охридска Архиепископија.

Од 1973 година до денеска поминаа четириесет години на црковен живот. Самите можеме да извадиме заклучок колку сме направиле и што сме пропуштиле во оваа наше делување како МПЦО на овие простори.

За да се постигнат големи и трајни спомени и дела, секогаш потребна е доследност, силна вера во Бога, достојно почитување на светиите и светителите под чии патрон и молитви се создаваат нештата, како и длабока и искрена братска љубов која сите луѓе ги сплотува во еден здрав и светол организам што дише со духот на нашите правоучители Светите браќа Кирил и Методиј, и нивните достојни последователи  Свети Климент и Свети Наум –Охридските Чудотворци.

Секогаш кога сме имале таква духовна сплотеност, од која извира евангелско однесување и работење се доаѓало до поголеми успеси. Тоа се случило 1973 година, кога е формирана ЦО, се случило во 1985 година кога е купена страта црква, тоа се случувало во 1998 година кога е купено местота за градење но овој нов храм и простории и тоа се случило и пред десет години во 2003 година кога се постави камен темелникот за градење на нашиот храм кој пресатавува гордост на сите нас.

Таа љубов христијанска, таа вера во Бога покажа и зрелост и плодови на зрелоста во онаа што се сака како лично и општо добро, пред се за членовите, верниците на Црковната општина, а и за достоинството и афирмацијата на нашата Светиклиментова Македонска Православна Црква.

На чинот на осветувањето на црквата му предходеше вечерна Богослужба која ја Богослужеше Митрополитот г. Петар со голем број свештенослужители од Европската Епархија.

На празникот Св. Апостол Тома 19/6 Октомври 2013 година се изврши чинот  осветување  на новоизградената црква „Св.Наум Охридски“ во Малме- Кралство Шведска.

Според програмата што ја подготви ЦУО на МПЦО„ Св.Наум Охридски“ – Малме, во 09.30 часот пред црква свечено беше пречекан Поглаварот на МПЦ-Охридска Архиепископија, Негово Блаженство г.г. Стефан со архиерите, од страна на свештенослужителите, гостите и благоверниот народ кој што беше пристигнат од сите страни.

Чинот на осветувањето го изврши Поглаварот на Македонската Православна Црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Европски г.Пимен, Митрополитот Преспанско –Пелагониски и администратор Австралиско Новозеландски г.Петар  и повеќе свештенослужители на МПЦ.

Осветувањето е извршено во годината  кога МПЦО „Св.Наум Охридски“  во –Малме одбележува  10 години од поставувањето на камен темелникот за градба на овој храм, 40 години од своето организирање и кога целиот христијански свет одбележува 1 700 години од Миланскиот едикт и 1150 години од моравската мисија на светите Кирил и Методиј.

Кога  крал во Шведска е Carl XVI Gustav, Премиер Fredrik Rainfelt, а претседател на Р. Македонија е г. Ѓорѓе Иванов, премиер на Р.Македонија е г. Никола Груевски, парохиски свештеник Протојереј-Ставрофор Блажо Кожарски,а Претседател на ЦУО на МПЦО г.Слободан Кутлешовски.

            По отслужената Света литургија на присутните со пригодно слово им се обрати Негово Блаженство г.г. Стефан.

            Во црковната сала за сите присутни беше сервиран заеднички ручек.

Свеченостите продолжија и во вечерните часови за која прилика беше ангажиран познатиот интерпретатор на народни македонски песни г. Јордан Митев од Р. Македонија.

            Вредно е да споменеме дека на чинот на осветувањето на црквата и свеченостите по тој повод со своето присуство не удостоиа (покрај горе споменатата црковна делегација предводена од Неговото Блаженство г.г. Стефан) и: Неговото пресвештенство епископот Британско-Скандинависки г. Доситеј СПЦ, Прота-Ставрофор Михаил Раду, Румунска Православна Црква Малме, Негово Високопреподобие Архимандрит Тихон, Шведска Православна црква, г.Кире Илиоски , Амбасадор на Р.Македонија во Крството Шведска, г.Васил Наумов , Агениција за иселеништво при влада на Р.Македонија, г.Ристо Манчев, пратеник од Европа во македонскиот парламент во Р.Македонија, преставник од Амбасадата на Р. Македонија во Копенхаген Данска г-ѓа Мира, преставници од владата на Кралството Шведска г.Sven-Erik Andesson  и г. Örjan Walin, Преставници на Шведска црква свештениците Anders Ekhem, Håkan Jälmby ...... преставник на градот Малме, г-ѓаMalin Martelius, преставнин на студиско здружение (Bilda) г-ѓа Åsa Ahlqvist, подпреседателот на Епархиско Собрани и ЕУО на МПЕ за Европа г.Васко Шопов,преставници од МПЦО во Европа, гости од Канада и Америка, преставници на Македонскиот Сојуз во Шведска, преставници на македонските здруженија во Шведска ...............

            Високата црковна делегација на МПЦ-Охридска Архиепископија, предводена од Негово Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за време на својот престој во Малме оствари средби со: старешеината на шведската лутеранска црква Св.Јован во Малме каде што пред 40 години е формирана МПЦО„Св.Наум Охридски“ – Малме.

            Со епископот на СПЦ за Велика Британија и Скандинавија Негово преосвештенство г.Доситеј.

            Беше примен и од страна на епискиопот на Шведската лутеранска црква за дијацезата Лунд Antje Jackelen која е избрана за Архиепископ на Шведската лутеранска црква. На новата должност стапува во 2014 година.

            Во градот Малме делегацијата беше примена од страна на градоначалникот  г.Kent Andersson.

             Црквата е градена со добровони даренија на верниците. Архитектурата е на г.Тодор Паскали, иконостасот е дело на г.Јане Крстевски од Битола Р. Македонија. Иконите се изработени од страна  на г. Петар Герасимов од Скопје Р.Македонија.А фрескоживописот во олтарот (треба да се продолжи понатаму) е дело на г-ѓа Виолета Нанова од Скопје Р. Македонија.

  Користиме можност да им се заблагодариме на сите кои се вградиле, помагнале да еве ние денеска ги одбележуваме овие јубилеи.

Секој според своите можности доприneсуваше да што побрзо го подготвиме храмот за осветување.  Посебна благодарност изразуваме за нивното несебично залагање кон семејството на Марија и Tomas Rossengern.

Благодарејки му на Бога и нашиот патрон Свети Наум Охридски за големите јубилеи и дела кои ги вршиме со вакво молитвено шепотење би завршил; Свети и Ти, Светилнику наш, та осветлувај ги сите твои верни чеда кои искрено сакаат да се потпрат на твоите мајчински македонски гради, та  со Твоето мајчинско гушкање никогаш повеќе да не се отргнат и отидат далеку от Тебе, по колоритните стеги на овој свет и да заскитаат по ќорсокаците од каде што нема враќање. Туку пак стиснати и прибрани еден до друг како вистински браќа и сестри во Господа, настојуваат да можат и да останат за секогаш како „едно тело и една душа“.

 

2013 година               Прота –Ставрофор Блажо Кожарски

            М А Л М Е    

 

Comments