Есенски Активности

posted Nov 4, 2012, 4:45 AM by MPC Sv. Naum Malmo   [ updated Jan 20, 2013, 10:30 AM by MPCO Sv. Naum Ohridski ]

Еве не повторно со Божја сила и помош, а под закрила на нашиот патрон Свети „Наум Охридски -Чудотворец“.

-Се молиме на Бога и Свети Наум  и во иднина да бидеме под нивна закрила.

-Во овој период кога целиот македонски православен народ прославува четириесет и пет години од прогласувањето на МПЦ-Охридска Архиепископија за афтокефална црква и ние како нераскинлив дел од нашата Света црква, се приклучивме кон тоа одбележување. По тој повод  во нашата ЦО ке се одржа прослава на 21.10.2012 година.

Да благодариме на Бога што не удостои како генерација да го доживееме тој сон на нашите претци. Биеа камбаните на МПЦ во 1967 година бијат и денеска а ќе бијат и во иднина.Патот сеуште не е изоден. Ни престои уште многу работа и на црковен и на национален план. И оваа чествување-славење не завршува туку продолжува и понатаму. Ова нека ни е повод да се обединиме, да ја засилиме нашата молитва и љубов еден према друг и да одиме по патот на нашите претци, патот на вистината.

-И во овој период главна задача на Управниот Одбор на МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме, и на  сите нас; е продолжување на внатрешното и надворешно средување на Македонската православна црква во Малме, која веќе преставува гордост на сите православни Македонци од Јужна Шведска и пошироко.

-Во моментот (благодарение на спонзори) се привршува внатрешното малтерисување. Се подготвува подот за поставување на  гранитни плочи.

- Им благодариме на спонзорите. На сите оние кои учествуваа во акција „ЗАЕДНО СИТЕ“ и покажаа кога учествуваме сите заедно се можни и добри резултати. Има уште работи кои треба да се  завршат. Затоа и тие кои не учествуваа во првата акција никогаш не е касно. Да ја продолжиме и подржиме акција за да можеме полесно да ги завршиме преостанатите работи.

-Драги браќа и сестри!

Со вашите доброволни прилози и вашите посети на Светите Богослужби на нашиот Свет храм ја помагате доизградбата на црквата во Малме.

-Вашите доброволни прилози за градење на Македонска православна црква во Малме (на кои посебно благодариме) можете да ги испраќате на банкова жиро сметка 929-5999

-На сите досегашни дарители од срце им благодариме.

-За вашите духовни потреби купувајте осветени свеќи од црквата.

-За да можеме полесно да соработуваме со сите вас верниците на Македонската православна црковна општина „Св.Наум Охридски“ – Малме, ве молиме секој при евентуална промена  на адреса да ја пријави истата во црквата.

-И овој пат сакаме да потсетиме  на единство. Да не се делиме и парчосуваме, бидејки другите доволно не парчосале и поделиле. Да бидеме едно како Црква, како народ македонски и како држава.

-Со ваши прашања за  подетални информации можете да се обратите во црквата  или кај свештеникот.

                                                                                           Од УО на МПЦО

                                                                                "Св. Наум Охридски" - Малме


Comments